Прилогот на Хрватската радио-телевизија (ХРТ) за изборите во Косово, во коj позади водителката беше прикажано српското знаме, ги налути албанските претставници во Хрватска, пренесува „Блиц“, повикувајќи се на хрватски „Индекс“ од каде соопштија дека тие барале одговорност од вработените кои го направиле пропустот.

Хрватскиот портал, повикувајќи се на фејсбукот на пратеничката од редовите на албанското малцинство, Ермина Лекај-Прљаскај, наведува дека ХРТ организирала средба со претставници на албанското малцинство и ветила казна за оние кои ја направиле визуелната најава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде