По неколкуте успешни свирки иницирани од наши пријатели и фанови во неколку скопски локали, нашата дружба премина и во една друга форма. Напишавме и снимивме песна, две, со многу љубов, искреност,боемштина, патина.. Песни кои се надеваме ќе и се допаднат на македонската публика и ќе бидат вистинско освежување на нашата сцена. Спојка на две генерации, две биографии, двајца пријатели со слични музички вкусови.. Актер и кантавтор – ќе пеат само за вас.

Ова е приказната за Драган Спасов – Дац и еден од најдобрите комозитори во државата Александар Митевски.

Од денес на Прес Центар, ќе бидат ЕКСКЛУЗИВНО објавувани сите новитети кои оваа „луда“ двојка ќе ја објавува за конечно разладување, смеење и потпевнување, а секако и сите статуси кои Дац (ДСД) ќе ги смислува и објавува на моментално најзабавната фан страна Дац&Александар Лајкнете ја пошто пишман ќе сте …

Давам царство – за другарство 🙂

Во светот постои едно царство кај што царува другарство. Да го пронајдеме преку љубов, добрина и песна. Што мислите? ❤️

Gepostet von Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski am Freitag, 23. August 2019

 

Дал' ме љубиш? ❤️ Тијана & Дац

Три минути љубов ❤️ Пеено пред четврт век. Од популарното ТВ шоу "Аплаузи" во режија на Violeta Dzoleva на МТВ. Популарна тема од "Свирачот на покривот". Уживајте 🙂

Gepostet von Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski am Mittwoch, 21. August 2019

Дац накусо за Прес Центар изјави: Доста е отварање на уста и снимки со офф тон, време е за Живо(т)

Правата за сите статуси, видеа и слично се дозволени од авторите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде