Британската поп sвезда Елтон Џон има повеќе Фаберже јајца од колекцијата на Кремљ, пренесува „Риа Новости“.

Британските писатели и сценаристи Дик Климент и Иан Ла Фран ги објавија своите мемоари More Than Likely, кои откриваат интересен факт.

Во книгата се вели дека на Елтон Џон му била понудена ВИП турнеја на Кремљ, во која била опфатено разгледување на богатствата на руските кралеви, вклучувајќи ги и Фаберже јајцата.

Кога турнејата заврши и групата излегла на Црвениот плоштад, Елтон Џон кажал на сопругата на Дик Климент, Ненси, дека е изненаден кога открил дека неговата колекција е поголема од онаа на Кремљ.

Се проценува дека Карл Фаберже создал најмалку 71 од своите познати јајца. 54 од нив се од таканаречени „императорски“, направени како подароци за членовите на кралското семејство.

Има десетици од овие јајца во Кремљ. Не е јасно кои Фаберже ги поседува пејачот, но дури и најевтиното се продава за најмалку 1 милион фунти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде