Затвореникот кој тврди дека убил повеќе од 90 жени низ САД сега важи за најсмртоносниот сериски убиец во историјата на земјата, објави ФБИ.

Семјуел Литл, кој е зад решетки од 2012 година, им кажал на истражителите дека е одговорен за 93 убиства, извршени од 1970 до 2005. ФБИ верува дека сите негови тврдења се веродостојни и досега се потврдени 50 од нив. Истражителите добиле нови информации и детали за пет случаи од Флорида, Арканзас, Кентаки, Невада и Луизијана.

Седумдесет и деветгодишниот Литл служи неколку доживотни затворски казни во Калифорнија. Тој изјавил дека задавил 93 жртви и речиси сите биле жени. Некои од нив биле на маргините на општеството, па оригинално било заклучено дека починале од предозирање или во случајни и неутврдени околности. Некои тела никогаш не се пронајдени.

ФБИ добил цртежи од 30-ина жртви, што Литл самиот ги насликал во затвор. Повеќето од жените биле црномурести.

Литл беше осуден за три убиства во 2013, а во август ја призна вината за уште четири.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде