Жена се самозапали во Иран пред да ѝ биде изречена казна затвор, зошто гледала фудбалски натпревар на стадион. Жената се самозапалила пред судот, кога слушнала дека би можела да биде осудена на затворска казна од шест месеци.

Трагичната смрт на 30-годишната жена, идентификувана како Шахар, предизвика бројни коментари меѓу фудбалските ѕвезди и познати личности во Иран, каде на жените им е забранет влезот на стадиони.

Шахар почина вчера во болница во Техеран. Таа на социјалните мрежи беше позната како „Сина девојка“, според боите на клубот Естеглал, за кого навиваше.

Таа се обидела да влезе на стадион облечена како маж, но била сопрена од полицијата. Шахар помина три ноќи во затвор пред да биде пуштена додека судот не донесе одлука. До сега судот не донел никаква одлука.

Поранешниот фудбалер на Бајерн од Минхен, Али Карими, кој 127 пати настапуваше за репрезентацијата на Иран ги повика Иранците да го бојкотираат следењето натпревари на стадиони по смртта на навивачката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде