Честопати скулптурите што нè опкружуваат ги земаме здраво за готово, мислејќи дека нивната единствена намена е да ја разубавуваат околината. Но, тие всушност имаат подлабоко значење и имаат многу добри приказни што треба да ги слушнете.

 
1. Скулптурата „Ангел-нож“ од Алфи Бредли натерала стотици луѓе да се откажат од насилството
На скулптурата има 100.000 ножеви што ги дале криминалците за да го спречат насилството. Ножевите биле собрани од британската полиција, организациите за спречување насилство со ножеви, други групи и луѓе врз кои влијаело насилството со нож. Скулптурата патува низ Британија за да ги едуцира луѓето за тоа колку е важен проблемот со насилството со ножеви и колку се опасни тие.
2. „Минувач низ ѕидови“ од Жан Мараис ја илустрира последната сцена од познат француски роман 
„Низ ѕидот“ од Марсел Еме е француски роман што ја раскажува приказната за скромен канцелариски работник кој еден ден открива дека има супермоќ – може да оди низ ѕидови. Протагонистот ја користи неговата дарба за да решава проблеми и станува крадец, оди в затвор и бега. Еден ден ја губи моќта додека минува низ ѕид и заглавува во него.
3. „Градење мостови“ од Лорензо Куин споделува рецепт за подобар свет
Како да го направиме светот подобро место за живеење? Пријателство, мудрост, помош, верба, надеж и љубов – ова се состојките за подобар свет и посреќни луѓе според Лорензо Куин, познат италијански уметник. Овие 6 доблести се наоѓаат во 6 пара раце што заедно градат мост.
4. „Корпорациска глава“ од Тери Ален ни кажува за опасноста од фокусирањето на профитот по секоја цена 
Импресивната бронзена скулптура од маж чија глава се наоѓа во зграда се наоѓа во Лос Анџелес, Калифорнија. Скулптурата отелотворува бизнисмен кој цел живот го посветил на добивање профит за себе и за компанијата за која работи. Само неговата глава се наоѓа во зградата, што значи дека неговите мисли целосно се апсорбирани од установата во која работи. Скулптурата го илустрира модерното темпо на живот кога луѓето треба да носат економски товар и да го поминат целиот свој живот работејќи, често пропуштајќи ги работите што се поважни од материјалното богатство.
5. „Сферата внатре“ од Арналдо Помодоро нè потсетува колку е кревка нашата планета 
Оваа прекрасна статуа ја воодушевува публиката со сложената структура на скршени сфери – надворешната и внатрешната. Уметникот Арналдо Помодоро сакал да ги проучува едноставните геометриски форми, така што успеал да скрие подлабоко значење зад тие едноставни форми. Оваа скулптура нè потсетува како сè во универзумот е меѓусебно поврзано, колку е кревок нашиот свет и колку лесно може да биде уништен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде