Арсенал изгледаше навистина добро во првото полувреме на „Енфилд Роуд“ и пропушти неколку зрели шанси за почетно водство, но лошата реализација на младиот Пепе кој беше најдобар играч на теренот во овој дел од играта на крајот скапо ја платија „топчиите“ кои беа сурово казнети.

Ливерпул првиот гол го постигна во вистински момент, односно пред крајот на првиот дел кога Матип беше највисок во една мешаница по корнерот кој го изведе Александер Арнолд. Примениот гол ги раздрма играчите на Унаи Емери и воедно им даде самодоверба на избраниците на Јирген Клоп, па во таква ситуација, домаќините тргнаа максимално агресивно на стартот на второто полувреме и брзо го решија прашањето околу победникот.

Давид Луиз направи пенал по едно бизарно повлекување на Салах и Египќанецот зголеми на 2:0 во 48-та минута, а „фараоното“ од Египет погоди и по вторпат во 59-та минута откако во една соло акција одново го насамари бразилскиот стопер. По еден час игра, Ливерпул си ја обезбеди победата во големото дерби, а до крајот Арсенал успеа да постигне само почесен гол преку резервистот Тореира. Со триумфот од 3:1, Ливерпул остана единствениот тим со максимален учинок по три одиграни кола, па така европскиот првак сега е осамен лидер во Премиер лигата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде