Филипе Кутињо наскоро ќе стане најскапиот играч во историјата на Баерн.

Бразилскиот играч пристигна на позајмица од Барселона во Минхен, а во германскиот клуб одлучија да го откупат неговиот договор за 120 милиони евра. Кутињо под водство на Нико Ковач веднаш се избори за позиција во тимот, а поранешниот селектор на Хрватска, поради Бразилецот на клупата ја смести легендата на Баерн, Томас Милер.

„Нико е врвен тренер и голем човек кој обожава напорна работа. Отворен е кон сите, има добар однос со играчите и пресреќен сум што се соработувам со него“, изјави Кутињо кој оваа сезона постигна два гола и забележи три асистенции.

Исто така и тренерот на Баерн Минхен не крие дека е задоволен од Бразилецот.

„Кога ја има топката, тоа изгледа како да танцува со неа. Кутињо во секој момент знае што да направи, каде да ја испрати топката, кога и како. Одличен играч е“, изјави тренерот на Баерн.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде