На Јасна Мандиќ, осомничена во новата истрага поврзана со случајот „Рекет“ судот вечерва и определил мерка домашен притвор, соопшти нејзиниот адвокат Душко Јанковиќ. Мандиќ, која е потпретседателката на невладината организација Меѓународен сојуз, претходно со полициска придружба беше донесена во Кривичниот суд да даде изјава пред судија на претходна постапка. За неа обвинителството бараше мерка притвор. Јовановски е веќе во притвор, а за другите тројца ново осомничени побарани се мерки на претпазливост.

Обвинителката Вилма Русковска вечерва пред судот одговорајќи на новинарско прашање какви мерки се бараат за осомничената потпретседателка на Собранието Фросина Ременски, рече дека и за неа се побарани мерки претпазливост и тие ќе бидат повикани во судот утре.

„Предложени се мерки на претпазливост односно одземање на патна исправа забрана за напуштање на престојувалиште и еднаш неделно да се јавува во судот“, рече Русковска.

Таа додаде и дека кај тројца од осомничените во новата истрага која се поврзува со случајот „Рекет“ се дадени налози за претрес. Инаку во оваа истрага за Измама и за перење пари првоосомничен е Бојан Јовановски, а останатите четворица дека му помагале.

Тие се сомничат дека преку невладината Меѓународен сојуз од бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски наплатиле 720 илјади, односно 260 илјади евра, измамувајќи ги дека ќе обезбедат државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата.

Русковска вечерва кажа дека утре ќе биде поднесе обвинение за првиот дел од случајот „Рекет“, а потврди и дека кај дел од инволвираните имало интерес за спогодба со обвинителството, но одби да каже за кој се работи.

Во случајот „Рекет“ во притвор во затворот Скопје се Јовановски и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, а Зоран Милески Кичеец е во домашен притвор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде