Поголема група лица синоќа го нападнала медицинскиот персонал во старата Градска болница а се судриле и со полицијата која била повикана од болницата. Инцидентот се случил околу 2 часот по полноќ откако во болницата било донесено лице со посекотина на раката а кратко по него упаднала поголема група лица кои го нападнале персоналот. Pоради инцидентот болницата не примала пациенти до утрото.

Директорот на болницата Иван Спирковски за медиумите потврди дека се случила тепачка и додаде дека вакви инциденти често пати се случуваат во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“.

МВР најави соопштение за текот на денов за деталите и мотивот за тепачката, а според неофицијални информации во инцидентот има приведени лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде