Адриен Рабио веќе размислува за заминување од Јувентус, и покрај тоа што во редовите на италијанскиот првак пристигна минатото лето.

Францускиот везен не добива многу простор за игра кај Маурицио Сари. Незадоволен е со фактот дека не игра и веќе размислува да го напушти овој клуб.

А интерес има. Наводно за неговите услуги повторно е заинтересирана Барселона, екипата со која преговараше пред да дојде во Торино.

Дури 24-годишниот везен во еден период беше блиску до потпишување за каталонскиот клуб. Меѓутоа, се беше расипано од неговата мајка Вероника која ја имаше улогата како негов агент.

Таа ја одби Барселона после тоа што тие одбиле да и исплатат додатни 10 милиони евра провизија и поради тоа таа својот син го испрати во редовите на Јувентус каде што тој не е задоволен.

Рабио има одиграно само четири натпревари во оваа сезона. Очигледно смета дека треба повеќе да игра и спремен е да го промени тимот.

За среќа, мајка му веќе не преговара со тимовите. Таа веќе ја нема улогата како негов агент, па така Рабиот можно е многу полесно да стигне во нов клуб.

Пред Јувентус, Рабиот го носеше дресот на ПСЖ со кој не се развиваше на најдобар начин, а кој е виновен за тоа можете само да погодите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде