Британецот Џек Хаселвуд (27) ја понесе титулата најубав маж за 2019 на вчера одржаниот натпревар , на кој учествуваа претставници на уште 70 земји.

Освен што е убав , Џек е и исклучително интелигентен со коефициент од 181 , а работи како инженер за авиосообраќај.

“Во манекенството можете да запознаете многу луѓе и да стекнете многу пријатели. Тоа е убаво оддалечување од науката што е многу тешка”, рече најубавиот маж на светот.Покрај студиите, Џек со години се занимава со манекенство заедно со своите две сестри, кои исто така се модели. Затоа, логично беше учеството во натпревар кој се одржува на секои две години.

Од друга страна, тој од секогаш бил многу заинтересиран за технологијата.

“Џек имаше електричен велосипед на возраст од пет години и беше многу заинтересиран за машини и технологија. Веќе во основно училиште, тој беше заинтересиран за науката, постојано дизајнираше скутери и измислуваше плочки за лебдење. Ние постојано се шегувавме дека тој ќе биде иноватор еден ден”. рече неговата мајка Кери, фалејќи го својот син дека сака  предизвици и авантурите и дека е љубезен, добро воспитан и забавен.

Џек е првиот Британец што ја понел оваа титула.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде