Радикалните навивачи на “Брегалница“ познати под името “Ултрас банда“, направиле тежок инцидент.

Неколкумина од нив, насила упаднале во Студентско ученичкиот дом “Браќа Миладиновци“, и почнале прво вербално да го навредуваат а потоа и да го натепаат момчето кое е сместено во оваа установа,а било родум од Кавадарци.

Причина за ваковото однесување на банда наеранимајковски било тоа што нападнатото момче навивало за Тиквеш, а на овие неранимајковци невоспитани сељачишта од Штип тоа не им се допаднало,па за да покажат колку ја сакаат брегалница го нападнале момчето.

Тоа е ововременски Штип.

СВР Штип тврди дека е пријавен случајот за упадот на неранимајковците во  домот, но според нивните дотурени синформации немало тепачка туку само вербален напад.

Установата пак Студентско ученички дом “Браќа Миладинвци“ вели дека овој настан не е за јавност.Зошто не е за јавност , одговорите лежат во стравот од одговорноста за овој настан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде