„Ако некој користи мобилен телефон на концертите, ќе биде исфрлен од концертната сала“, стои во соопштението на Мадона за нејзината светска турнеја по повод 14-от студиски албум со симболички наслов „Madame X“, пренесува Дејли Стар.

Пејачката сака турнејата да ја изведе најдобро што може, па поради тоа овој пат одела до екстремности.

„Користење мобилни телефони, паметни часовници, камери и слични уреди нема да бидат дозволени за време на настапите. Однапред треба да го резервирате вашето место за да влезете во зградата, а откако ќе ви бидат поништени влезниците на мобилните телефони, нема да може да ги користите“, пишува во соопштението.

Мадона ќе ја ангажира компанијата “Yondr“, која ќе додели торби за телефон, кои можат да се заклучат, а после концертот ќе може да се отклучат.

Некои обожаватели се согласиле со нејзиното барање, сметајќи дека пејачката сака да го “почувствуваат“ концертот, а не постојано да гледаат во телефоните.

Мадона неодамна се огласи за штетноста од мобилните телефони, сметајќи дека тие ја оддалечиле од нејзините деца. На нејзиниот син Дејвид му го одземала телефонот, бидејќи, како што вели, нејзините деца станале опседнати со фотографиите на другите и почнале да се споредуваат со нив.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде