Белградски Партизан доби казна од УЕФА поради непримерното скандирање на мечот против Малатија, во квалификациите за Лига Европа.

Партизан тогаш доби парична казна и казна во вид на два меча без публика на домашен терен, од кој еден веќе одработи (против Молде) во квалификациите, додека уште еден сега веројатно ќе мора да одработат, во првото коло против Аз Алкмар.

Белграѓани се жалеа до УЕФА да им биде укината казната на само еден натпревар, но добија негативен одговор.

Среќа во целата работа е што домашните навивачи ќе бидат присутни на стадионот ЈНА, за најголемата атракција во нивната сезона, гостувањето на Манчестер Јунајтед во третото коло од ЛШ, што секако ќе биде нивниот најголем меч сезонава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде