Кристиано Роналдо пред неколку дена откри дека ги бара жените кои работеле во „Мек Доналдс“ и му давале него и на соиграчите бесплатна храна во Лисабон.

Роналдо ги замоли следбениците на социјалните мрежи да му помогнат, а мисијата делумно успеа.

Имено, се јави госпоѓа со име Паула Лека, која на почетокот на 2000 година работела во споменатиот „Мек Доналдс“ и истакна дека прво ќе му се заблагодари на Роналдо што се сетил на неа, а потоа ќе разговараат за минатото време.

„Прва работа која ќе му ја кажам ќе биде благодарам, а потоа ќе разговараме и ќе се присетиме на минатите времиња“, изјави Паула, која откри дека Роналдо бил најплашлив од сите деца.
„Ќе се појавеа пред ресторанот и кога ќе останеа неколку хамбургери, нашиот менаџер не пушташе да им ги дадеме. Еден од нив беше и Кристиано Роналдо, кој беше најплашлив. Децата доаѓаа скоро секоја вечер“, раскажува Паула.

„И понатаму се смеам поради сето тоа. Му кажав на синот, кој прво не ми веруваше бидејќи му беше тешко да поверува дека неговата мајка му давала хамбургери на Роналдо“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде