Љубителите на пица ги чуваат менијата за достава од омилените пицерии залепени на вратата од фрижидерот.

Токму тие најдобро знаат дека добрите пицерии во кутијата во која ја доставуваат пицата ставаат мала пластична „масичка“ која спречува лепење на пицата за капакот на кутијата.

Boston Pizza решија да направат цел сет, па додадоа минијатурни столици на масичката во нивните пици за достава.

Мора да се согласиме дека идејата им е генијална!

И онака сме возбудени кога ја отвораме кутијата со пица, па вака има изненадување и возбуда плус – каква масичка со столчиња ќе ви се „падне“?

Boston Pizza доставуваат пица со различни сетови, за уште поголемо уживање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде