Инженер во пензија досега има платено 30.000 фунти од заштедата во „судската битка за правда“ за пишана казна за брзо возење од 100 фунти.

Ричард Кидвел (71) тврди дека „поради правниот систем кој има многу маани“ тој речиси три години се влече по судови и ги потрошил парите што требало да му ги остави на синот во наследство.

Тој тврди дека погрешно му била измерена брзина на движење од 35 милји на час во зона каде дозволената брзина е 30 милји на час, во 2016 година во Ворчестер.

Јавното обвинителство вели дека во случајот се „заплеткани многу проблеми“ што придонесуваат за одолговлекување на судската постапка.

Кидвел, жител на Јејт во Глочестер, тврди дека „сигурно не возел побрзо од 30 милји на час“ на Њу Роуд во ноември, 2016 година.

„Многу бев изненаден кога неколку дена подоцна по пошта добив казна за брзо возење. Навистина не верувам дека возев побрзо од пропишаното. Едно најобично возење се претвори во кошмар“, вели тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде