Порашениот претседател на УЕФА Мишел Платини може да се врати во фудбалот, откако му истече четиригодишната забрана поради корупција.

„Имам идеи, но рано е да зборувам за тоа“, изјави Платини.

64-годишниот Французин додаде, дека може да се кандидира секаде, но посочи дека следните избори за во раководните структури во ФИФА, УЕФА и Француската фудбалска федерација се за неколку години.

„Имам доволно време, ако решам да се вратам на фудбалот“, кажа Платини.

Неговата битка сега е да докаже на суд дека не правел финансиски малверзации поврзани со добивање на хонорари од ФИФА Обвиненијата беа потврдени од две комисии на ФИФА, Спортскиот арбитражен суд во Лозана и Швајцарскиот врховен суд. Последната надеж на Платини да го исчисти името е жалба во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде