Прилогот на Хрватската радио-телевизија (ХРТ) за изборите во Косово, во коj позади водителката беше прикажано српското знаме, ги налути албанските претставници во Хрватска, пренесува „Блиц“, повикувајќи се на хрватски „Индекс“ од каде соопштија дека тие барале одговорност од вработените кои го направиле пропустот.

Хрватскиот портал, повикувајќи се на фејсбукот на пратеничката од редовите на албанското малцинство, Ермина Лекај-Прљаскај, наведува дека ХРТ организирала средба со претставници на албанското малцинство и ветила казна за оние кои ја направиле визуелната најава.

Според напишаното на Фејсбук, на состанокот покрај Прљаскај биле присутни и претставникот на Косово во Загреб, Гзим Касаполи, и генералниот директор на ХРТ, Казимир Бачиќ, пренесува „Индекс“.

Пратеничката најавила дека е договорено да се покренат дисциплински постапки против одговорните, таа и косовскиот претставник во Загреб да бидат гости во програмата на ХРТ, како и тим на телевизијата да појде на Косово за да направи прилог за политичката ситуација.

Исто така на средбата било побарано директен извор на информации во врска со ситуацијата на Косово да биде исклучиво РТК, бидејќи ХРТ и РТК имаат договор за соработка.

[REKACIJA NA SKANDALOZNO EMITIRANJE O IZBORIMA NA KOSOVU] Danas u prostorijama HRT-a zajedno sa veleposlanikom…

Gepostet von Ermina Lekaj Prljaskaj am Montag, 7. Oktober 2019

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде