Фирмата за која пишување Прес Центар повеќе пати „ЦЕНТРАЛ СИТИ ИНВЕСТМЕНТ ГРУП“ повеќе не смее да работи како станбен управител и немате повеќе никакви обврски за плаќање кон истата бидејќи истата е со одземана ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА.

Од Автокоманда па се дo населбата Ѓорче Петров оваа фирма очигледно фирма дооел / поединец ги има собрано парите на граѓаните, станарите насекаде каде што добиле позитивен одговор за соработка. Но од Март месец истата компанија на чело со извесен лик Димитар Кратовски фирмата менува неколку имиња, Сити Инвестмент, па Инвестмент груп па што ли ќе е следно ќе видиме, најважно од се е дека во целата оваа збрка со млади и неискусни „бизнисменчиња“ пола Скопје е без струја, лифтови, одржување на хигиена итн.

Компанијата Елевком, сервис компанија за лифтови тврди дека од овој станбен управител не добиле ниту денар за подмирени сметки кон нив за одржување на лифтовите, а истото се случува и со „БЕГ“, поради оваа „превара“ компанија пола Скопје додека се реши спорот ќе биде и без парно.

Се молат надлежните од Општините каде оваа фирма правела што ќе им текне да реагира, Апел и до лицата задолжени за законот за домување да го решат во најкус можен рок бидејќи станарите/граѓаните се оставени на цедило да мора да се качуваат пешки, да влегуваат во темни згради со запалени светлосни телефони, бидејќи дечињата од Инвестмент груп повеќе немаат лиценца а ДОЛЖАТ насекаде.

Повеќе за ова ќе пишуваме во текот на утрешниот ден!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде