Роберт Просинечки ќе остане на клупата на БиХ и во наредниот период, откако не беше прифатена оставката што хрватскиот стратег ја поднесе од селекторската функција по поразот од Ерменија. Босанците се најдоа во тешка ситуација на четири кола до крајот на квалификациите за ЕП, но им остануваат шансите за виза за континенталниот собир преку Лигата на Нации.

Токму затоа, Извршниот Одбор на Фудбалскиот Сојуз на БиХ денеска ја одби понудената селекторска оставка, а и самиот Просинечки потврди дека ќе продолжи да го води националниот тим на оваа земја.„БиХ има шанса да оди на ЕП, во март имаме бараж, ќе видиме кои ќе ни бидат противници. Не знам дали одбивањето е нормално или не, но јас чувствував морална одговорност да си поднесам оставка. За мене е невозможно една ваква репрезентација да не оди на ЕП. Ретко се премислувам, но сега го сторив токму тоа, пред се поради поддршката што ја имам од челниците на федерацијата, од оние кои ме доведоа и се уште веруваат во мене. Најлесно е да се побегне и да се каже дека е готово, но решив да останам до крај и да се обидам да ја одведам БиХ на Европското првенство“ – истакна Роберт Просинечки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде