Барселона и Реал Мадрид во јануари ќе се борат за ист фудбалер. Станува збор за 23-годишниот Фабијан Руиз, кој во моментов настапува за Наполи.

Руиз ја започна кариерата во Бетис, а откако одигра 59 меча за првиот тим, минатото лето потпиша за Наполи, кадешто се прилагоди одлично.

Минатата сезона Шпанецот одигра 40 меча за Наполи и постигна седум гола, а игра добро и на стартот на оваа сезона, па поради тоа двата шпански гиганти ќе се обидат во јануари да го добијат неговиот потпис.

Наполи е во најдобра ситуација во моментов, поради тоа што Руиз нема откупна клаузула, па може да бара голема сума за неговиот потпис.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде