Освен на Табановце, вистински хаос е и на граничниот премин Девебаир за влез во Бугарија.

На социјалната мрежа Фејсбук е објавена фотографија на која се гледа дека редици возила има речиси до Крива Паланка.

Како што претходно објавивме гужви има и на граничниот премин Табановце за влез во Србија.

Во нашата држава денеска е неработен ден, па Македонците го користат продолжениот викенд и убавото време за одмор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде