Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов смета дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси треба секоја година да ја добиваат наградата за најдобар фудбалер во светот.„Како може некој да бира меѓу нив двајца? Мислам дека двајцата треба да ја добиваат наградата секоја година. Тешко е да се каже кој е подобар. Роналдо го сака признанието бидејќи е амбициозен. Меси тоа не го покажува, но сигурен сум дека во себе го има тоа“, изјави Бербатов. Аргентинецот годинава ја доби наградата за најдобар фудбалер според ФИФА, а во изборот на УЕФА наградата ја освои асот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде