Руската полиција изврши претреси во повеќе од 150 домови и канцеларии на приврзаници на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во 39 градови.

Блискиот пријател на Навални, Леонид Волков денеска изјави дека полицијата извршила рации од Владивосток на Тихи Океан до Краснодар во јужниот дел на Русија.

Волков беше кандидат за градоначалник на Новосибирск на минатонеделните избори, и по бројот на освоени гласови беше на второ место.

Се претпоставува дека мета на денешните рации се блиските соработници на Навални во претседателската кампања во 2018 година. Иако на Навални не му беше дозволено да се кандидира, неговите приврзаници во повеќе руски градови се стекнаа со влијание бидејќи покренуваа истраги за корупција на високо ниво.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде