Се сеќавате ли на пејачот Арчи или Златимир Аревски кој е сопственик на еден од најголемите хитови од пред дваесетина година – „Да пукнеш леле што ми направи“.

За жал Арчи беше кратко на македонската естрада. Тој веќе со години живее во Дубровник во Хрватска, а во Скопје може да го сретнете на кратко и тоа само во зимскиот период.

Е, токму тој Арчи од пред месец и половина стана татко на 59 години. Неговата сопруга од вториот брак му родила машко дете.

Се обидовме да го добиеме Арчи за изјава, но на хрватскиот телефонски број до кој дојдовме беше недостапен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде