Кандидати за пратеници во Собранието на Косово, Дардан Молилај од Социјалдемократската партија и Хаки Абази од  Самоопределување,  физички се пресметаат по завршувањето на емисијата Пресинг на кабелската телевизија Т7 во Приштина.

Главниот и одговорен уредник на телевизијата, Леонард Керчуку, објави дека за време на емисијата двајцата кандидати размениле навреди што ескалирале во физички пресметка.

Моличај беше генерален секретар на партијата до заминувањето од Самоопределување и е еден од 12 пратеници кои ја напуштија партијата и ја формира Социјалдемократската партија на Косово.

Абази се приклучи на Самоопределување пред неколку недели и претходно беше директор на фондацијата Рокфелер во Косово.

PRESSING

PRESSING

Gepostet von T7 am Mittwoch, 11. September 2019

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде