Демонстрантите и полицијата денеска повторно се судриле во Хонг Конг, а полицијата користи солзавец и водени топови во обид да ги запре протестите пред седиштето на владата.

Демонстрантите претходно впериле ласерски зраци во полицијата, и како што пренесуваат медиумите, изгледа фрлаат тврди предмети преку големите пречки, пренесува АР.

Полицијата одговорила со солзавец директно на демонстрантите кои биле од другата страна на барикадите, а потоа употребила и воден топ.

Демонстрантите не се повлекле и се обидуваат да влезат во делот каде што е полицијата.

Ова е 13-ти викенд како траат протестите во тој град под кинеска контрола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде