Кандидатката за градоначалник на југозападна Колумбија, Карина Гарсија, е убиена заедно со уште пет лица во нападот, кој, наводно, го извршиле дисиденти од демобилизираната герилска група ФАРК, соопшти колумбиската влада.

Убиството на првиот кандидат за локалните и регионалните избори во октомври се случило неколку дена откако некои истакнати поранешни членови на бунтовничката група објавиле дека повторно се вооружуваат, пренесува „Ројтерс“.

Во нападот загинаа и мајката на Гарсија, тројца локални активисти и кандидат за општински одбор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде