Јапонскиот император Нарухито ќе пристигне во голем стил на церемонијата на неговото крунисување благодарение на „Тојота“.

Компанијата му подготви уникатна верзија на лимузината Century во кабриолет-верзија, која ќе служи како кралски параден автомобил.

Вакви автомобили се користат многу ретко и само во многу важни национални свечености.

Претходниот автомобил на кралската парада беше „ролс ројс корниче III“ од 1990 година, кој беше користен само двапати.

„Обичниот“ Century сам по себе е импресивна машина, која чини повеќе од целосно опремен „лексус ЛС седан“.

Сепак, главната разлика е во тоа што Century е длабоко вкоренет во традицијата и историјата на Јапонија – што е повеќе од соодветно за кралското семејство на Јапонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде