Туристите во Црна Гора ова лето најмногу се жалеа на бучавата, вознемирувањето за време на нивниот престој на плажа и нелегалната работа, соопшти денеска црногорската Национална туристичка организација (НТО).

Од почетокот на јуни, кол центарот на таа организацијата примил 28 поплаки од туристи и граѓани, пренесува РТЦГ.

– Поплаките се однесуваа на бучава, попречување на престојот на плажа и узурпација на плажите, работа на црно, нељубезен персонал, непочитување на регулативата, плажи без ценовници, спасувачи и кабини за преслекување и нарушување на јавниот ред и мир, посочи НТО.

Најголем број на претставки, 11 од нив, биле од Будва и десет од Котор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде