Турски театар в недела ќе ја изведе претставата „Три сестри“ на Антон Чехов, во режија на Васил Христов, во Театар Комедија со почеток во 20 часот, а во рамки на 44. МОТ. Претставата се изведува со титл на македонски јазик

Улогите ги толкуваат Наџи Шабан, Емине Халил, Ерман Шабан, Жале Османли, Инес Радончиќ, Јеткин Сезаир, Неат Аали, Осман Али, Селпин Керим, Сузан Акбелге, Џенап Самет.

Во драмскиот текст „Три сестри“, Чехов прави видливо поместување во однос на неговите претходни дела, и тоа во насока на „не повеќе на ослободување на индивидуалецот наспроти толпата, туку мечтата за ослободување која ја зафаќа толпата, која, пак, истовремено покрај мечтата за ослободување запаѓа во состојба на безизлезност, безизлезност која започнува дури и пред да почне борбата“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде