Рударите од рудникот за јаглен во Зеница  одлучија да останат во јамите и на тој начин да протестираат поради доцнењето на платите.

Поради лоша здравствена состојба на најмалку тројца рудари, синоќа интервенираше екипа на брза помош.

Десетина рудари од првата смена влегоа во јамите на рудниците Страњани и Стара јама, а по завршување на работното време тие одбија да излезат и најавија дека ќе останат во јамите се додека не се исполнат нивните барања.

Одлуката ја донесоа откако дез договор завршија преговорите на нивни колеги со претставници на Владата на Федерацијата БиХ во текот на денот во Сараево.

Претседателот на синдикатот на рударите Нијаз Вардо рече дека рударите во попладневните часови во Стара јама почнале штрајк со глад.

Сметките на зеничкиот рудник се блокирани поради натрупан даночен долг кој надминува 70 милиони евра, поради што не им е исплатена платата на рударите за август.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде