Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Шангај, откако денеска го победи Канаѓанецот Денис Шаповалов во два сета.

Победата беше обезбедена за нешто повеќе од еден час игра – 6: 3, 6: 3. Новак го совлада Канаѓанецот по третпат во кариерата на официјалните натпревари на овие двајца тенисери. Најдобриот тенисер на светот играше добро од самиот почеток, видно одморен по триумфот во Токио, но и денот за паузата кој го имаше во првото коло.

Противник на Србинот во осминафиналето ќе му биде Џон Изнер од САД, кој денеска во второто коло во Шангај го совлада Французинот Пул исто така во два сета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде