Новак Ѓоковиќ би можел повторно подолго да паузира од тениските терени бидејќи повредата што српскиот тенисер ја влечеше за време на УС Опен е од посериозен карактер. Ова прв го изјави Џон Мекинро неполни два дена по откажувањето на првиот носител на дуелот со Вавринка, а денеска на истата тема пишува и Кристофер Клири, добро упатен тениски аналитичар кој работи за тиражниот весник „Њујорк тајмс“.„Ѓоковиќ го очекува нова подолга пауза. Повредата не е наивна, а не се исклучува ниту потребата од нова операција“ – открива Клири.

Србинот моментно се наоѓа во клиника во Швајцарија каде се обидува да ја санира повредата. Тој се уште се нема изјаснето дали ќе настапи на претстојниот турнир во Токио, но како што стојат работите многу лесно може да се случи Ѓоковиќ да паузира подолг период, можеби и до крајот на годинава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде