Година по година цените на недвижностите во Хонгконг растат, па поради тоа жителите на овој град сега живеаат во мали простори, како и во т.н. „домови-ковчези“ или поделени станови. За да ја олесни кризата со домувањето Хонгконг изготви план за зголемување на копнената површина со изградба на вештачки острови.

На површина од илјада хектари во близина на најголемиот остров на Хонконг, Лантау, каде што се наоѓа и ИнтернацСе очекува изгионалниот аеродром на Хонгконг, ќе бидат направени вештачки острови речиси двапати поголеми од Палм Џумеира во Дубаи. Се очекува изградбата на островите да почне во 2025 година, а првите жители да се вселат до 2032 година.

Проектот го носи името Lantau Tomorrow Vision и има за цел да создаде домови за ,1, милион луѓе со изградба на 260.000 до 400.000 станови, од кои 70% ќе бидат наменети за јавно домување. Исто така, планот вклучува и транспортна мрежа која ќе ги поврзува островите со Лантау и други делови од градот.

Се проценува дека цената на проектот ќе изнесува околи 80 милијарди долари и ќе биде најскапиот инфраструктурен проект на Хонгконг досега.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде