Универзитетот “Гоце Делчев“ ги одбележа своите 12 години на постоење.Прославата со своето присуство и говорење ја збогати премиерот на Северна Македонија Зоран Заев.

Тој ја истакна улогата и значењето на Униерзитетот во изминатите години , потенцирајќи дека на Универзитетот “Гоце Делчев“ студирале повеќе од 30.000 студенти,високообразован кадар кој треба да ја понесе одговорноста за развојот на нашата држава.

Токму поради тој факт Владата на Северна Македонија и натаму ќе инвестира и во Универзитетот “Гоце Делчев“ и севкупно во високото образование во Македонија.

На свечената  академија говореше и ректорот Блажо Боев,.Боев истакна дека секоја единечна  приказна и на студентит и на професорите е вткаена во севкупниот развој на Универзитетот “Гоце Делчев“, кој и понатаму на државата, на стопанството и на науката, и на уметноста ќе и го дава најважното, обликуваниот ум, кој ќе придонесе за процут на и во државава.

Денеска со прст в уста останаа известувачите.Премиерот Зоран Заев, како некогаш неговиот претходник, од познати причини нему и на неговиот кабинет, не сакаше да даде изјава, ниту пак да даде одговор на прашања од известувачите.Можеби кабинетот проценил дека по синоќешниот тв-филм, се` е кажано.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде