Оштетени домови, паднати дрвја и искинати електрични кабли остави торнадото што ја зафати сојузната држава Канзас, во најновиот бран невреме во централниот дел на САД, што трае од минатата недела.

При торнадото беа повредени најмалку 12 лица, додека Меѓународниот аеродром во Канзас Сити привремено ги суспендираше летовите и ги засолни патниците за време на бурата.

Националниот метеоролошки центар рече дека околу 55 торнада зафатиле осум сојузни држави, од Ајдахо до Колорадо изминативе денови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде