Тринаесет геј двојки во исто време поднесоа обвиненија против Јапонија и тоа токму на Денот на вљубените – 14 февруари.

Повеќето од двојките браковите ги склучиле во други земји.

Во своите образложенија, оштетените тврдат дека Јапонија ги повредува нивните уставни права, оти не им ги признава браковите. Тие бараат само симболична отштета.

Јапонија е единствената држава во Г-7, во која истополовите бракови не се дозволени. Испитувањата на јавното мислење пак, посочуваат дека Јапонците го поддржуваат легализирањето геј бракови.

Ако оштетените го добијат случајот, тоа ќе значи голем чекор во остварувањата на правата што ги бараат геј заедниците во Јапонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде