Безбедносните сили на Алжир приведоа 195 лица за време на вчерашните протести против одлуката на 82-годишниот алжирски претседател Абделазиз Бутефлика да се кандидира за петти мандат, јавуваат алжирските медиуми. Како што пренесуваат, основата за апсењата се разни прекршоци, како и кражби. Десетици илјади граѓани и во текот на вчерашниот ден повторно се собраа на протести во Алжир, барајќи Бутефлика да замине од власт, по 20 години.

Тој во четвртокот ги предупреди демонстрантите дека мирните протести против неговата одлука да се кандидира за претседател на земјата по петти пат можат да преминат во „хаос“. Бутефлика, кој е на власт од 1999 година, само неколку пати се појави во јавност од 2013 година, кога доживеа инфаркт. Моментално е во Швајцарија на лекарски прегледи. Во Алжир неколку денови се одржуваат протести против неговата кандидатура за претседател.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде