Околу две третини од Германците не сакаат канцеларката Ангела Меркел да се откаже од функцијата пред изминувањето на мандатот во есента 2021 година.

Имено, 67 отсто од анкетираните не сакаат Меркел која ја предводи Германија од 2005 година да си замине од функција пред да и завшри мандатот, покажуваат резултати од анкета на агенцијата Форса.

Само 29 отсто анкетирани изјавиле дека Меркел треба да се откаже од канцеларската функција пред истекувањето на мандатот.

Од февруари 2018 година делот на Германци кои сакаат Меркел да го заврши мандатот е зголемен за 12 отсто. Шефот на Форса, Манфред Гулнер вели дека засега „германските граѓани не гледаат алтернатива за Меркел”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде