Најмалку 20 патници загинаа кога во перуанскиот главен град Лима се запалил двокатен автобус, соопшти противпожарната служба.

Очевидци изјавија дека огнот го зафатил моторот на автобусот и брзо се проширил низ возилото. Причината за пожарот се уште се истражува.

Градоначалникот на Лима, Хорхе Муњос истакна дека автобусот го зафатил оган на станица, која властите пред неколку денови ја затвориле бидејќи се наоѓа на локација каде што илегално се продава гориво.

– Веројатно патниците на вториот кат од возилото превезувале гориво, нагласи Муњос.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде