Од првата група од 958 вработени во администрацијата што земаа плати, а не одеа на работа и требаше да се распределат на други работни места, околу 200 одбиле да потпишат согласност за распределба, велат владини .Овие 200 лица сега одат на трансфер листа, што значи со вкрстување на податоците од институциите да се види во која институција недостигаат луѓе и потоа почнува постапката за распределување. Ако по вторпат одбијат распределување, тие ќе останат без работа.

Вкупно 1.600 вработени во секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор со години седеа дома и земаа плата.

Според информациите од Владата, за 230 лица целосно е завршена постапката за преземање, а за останатите од таа група процедурата е во тек и веќе се во завршна фаза.

Во втората фаза од спроведување на планот треба да се распределат останатите 642 од вкупно 1.600 вработени и во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во тек е подготовка на план за овие вработени, по што ќе треба одлука на Влада.

Но, додека трае процесот сите овие 1.600 лица добиваат плати.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде