Кепа Аризабалага заработи парична казна во износ од 225.000 евра по неговата реакција кога не сакаше да го напушти теренот за време на финалето од „Карабао Купот” против Манчестер Сити во финишот на второто продолжение.

Неколку минути до крајот, Кепа се пожали на повреда, а се чинеше дека тоа не е вистинската причина поради која Сари сакаше да го замени. Стратегот на Челзи ја немаше искористено четвртата замена, па сакаше на теренот да останат спецјалисти за пенали и некогашниот голман на Манчестер Сити, Вили Кабаљеро.

По мечот и Сари и Кепа, истакнаа дека станува збор за недоразбирање, но челниците на клубот сепак одлучија да му доделат парична казна, што пак најавува дека нема да биде прв голман на „сините“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде