Зголемениот број на инвестиции предизвика недостиг на работна сила во Словенија, па во одредени сектори се нудат парични награди за оние кои ќе донесат нов работник во компанијата каде се ангажирани.

Словенечкото стопанство расте и се потпира главно на извозот кој сочинува 80% од БДП на земјата. Недостигот на кадар, посебно заварувачи во фабриката за производство на издувни системи во Чрномељ, била причина компанијата да понуди парични стимулации за вработените кои ќе донесат нови колеги. Оној кој ќе препорача или ќе донесе нов работник, добива стимулација од 250 евра.

Во изминатите четири години инвестициите во Словенија се зголемиле за 4,5 милијарди евра. Тоа особено се чувствува во малите, помалку развиени средини, објавуваат економските портали.

Економскиот развој продолжува во оваа земја, па во моментов кај Марибор се гради фабрика на најголемиот производител на автоделови „Magna“, а во Логатец инвеститори од Јапонија отвораат производни хали за роботи и медицинска опрема. Овие инвестиции ќе отворат околу 1.000 нови работни места во земјата со само 5 проценти невработеност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде