Битолската полиција од слобода лиши деветнаесетгодиник Ѓ.Н. од село Врбоец, крушевско. Тој бил забележан како подметнува пожар околу 10,40 часот во атар на село Врбоец, при што била опожарена ниско и високостеблеста дабова и букова шума.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, а судија на претходна постапка му одреди домашен притвор во траење од 30 дена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде