Повеќе од 30 милиони кучиња годишно се убиваат за исхрана на луѓето во Азија, од кои 70 проценти се украдени“, изјави денеска Генлин Пенг, основачот на азискиот Пријателски сојуз на животните.

„Меѓу 30 милиони кучиња, 5 милиони во Кина, 7 милиони во Јужна Кореја и 5 милиони во Виетнам”, според „Кјодо“.

Иако поголемиот дел од Јапонците не јадат кучиња, во Јапонија има повеќе од 100 ресторани и продавници кои продаваат увезено месо од кучиња, претежно на странски потрошувачи.

Статистичките податоци собрани од страна на Светската асоцијација на кучиња, која е основана од страна на Пенг, покажа дека во Јапонија се увезени околу 450 тони кучешко месо во периодот меѓу 2002 и 2016 година, што е еквивалентно на 100.000 кучиња.

Законодавството на Тајван, остров кој Кина го смета за своја територија, во април 2017 година донесе измени на законот со кој им се забранува на луѓето да консумираат месо од кучиња и мачки, и ги зголеми максималните казни за злоупотреба на животните.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде