Тинејџерскиот идол Џастин Бибер и неговата сопруга, манекенката Хејли Болдвин-Бибер, ги разбрануваа духовите со фотосесија на која се сликани само по долна облека. Двојка та преку новата рекламна кампања за Калвин Клајн  ја одбележија 50-годишнината од основањето на модната марка.

Снимките направени за актуелната колекција на брендот го потврдуваат статусот на парот како една од најжешките двојки во светот на шоу-бизнисот.

„Џастин и Хејли изгледаат неверојатно секси и  ова е најдобрата реклама!”, се само дел од коментарите на нивните следбеници на Твитер.Потсетуваме дека 25-годишниот пејачк и шармантната русокоса веќе долго време се познаваат. Сепак, нивната љубовна врска започна пред околу две години. Џастин и Хејл тајно се венчаа во септември минатата година во Њујорк. Пред една недела, парот организираше втора свадба, на која присуствуваа околу 150 нивни роднини и пријатели.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде