Ливерпул им се придружи на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Тотенхем во четвртфиналето на годинешното издание на Лигата на шампионите. Покрај нив во топчињата за ждрепката се најдоа уште Јувентус, Ајакс, Порто и Барселона. Значи дури четири англиски екипи атакуваат на ушестиот пехар. Нема германска екипа, нема француска…

А третпат се случува вакво нешто во Лигата на шампионите. Во сезоните 2007-08 и 2008-09 квартерот англиски екипи во четвртфиналето го сочинуваа – Арсенал, Челси, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Од нив само Манчестер Сити и Тотенхем не го освојувале трофејот. Барса и Ливерпул по петпати го освојувале пехарот на ЛШ, Ајакс четирипати, Манчестер Јунајтед трипати, Јувентус и Порто по двапати.

Ждрепката за четвртфиналето, но и полуфиналето е во петок (12.00 часот). Првите мечеви од топ 8 фазата че се играат на 30 април и 1 мај, а реваншите на 7 и 8 мај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде